22.10.2019

Нови приливи од камати во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Почитувани,

Ве информираме дека во периодот од 18.10.2019 до 21.10.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во вкупен износ од 29.340.283,00 денари и приливи од камата во износ од 48.822,00 денари, 495.127,00 денари, 160.326,00 денари и 151.986,00 денари, по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Стопанска Банка АД Битола, соодветно.

Дополнително, Ве информираме дека во периодот од 18.10.2019 до 21.10.2019 година на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 572.014,00 денари и приливи од камата во износ од 4.068,00 денари и 12.961,00 денари по основ на орочени депозити во Халкбанк АД Скопје и Охридска банка АД Скопје, соодветно.

 

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови  имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk