28.11.2019
Пристигнати приливи од камата во Сава пензиски фонд
Почитувани членови и пензионирани членови,
Ве информираме дека на ден 27.11.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 385.249,00 денари и 174.590,00 денари, по основ на орочени депозити во Стопанска банка АД Битола и Охридска банка АД Скопје, соодветно.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk