02.01.2020

Над 100 илјади долари приливи од дивиденди во пензиските фондови

На сметката на Сава пензиски фонд, во периодот од 27.12 до 30.12.2019 година пристигнаа повеќе од 100 илјади долари дивиденда од инвестираните средства во странство (5.735,45 долари од Comm Serv Select Sector SPDR, 46.790,76 долари од Spdr Msci Acwi ex-US (ETF), 27.913,61 долари од Vanguard S&P 500 ETF, 13.601,70 долари од Vaneck Vectors Gold Miners ETF и 10.059,97 долари од Bank of America Corp.)

Од домашните инвестиции има приливи од каматa во износ од 372.822,00 денари, 168.952,00 денари, 1.300.000,00 денари и 141.145,00 денари по основ на орочени депозити во Стопанска банка АД Битола, Охридска Банка АД Скопје, Универзална Инвестициона Банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје, соодветно.

На сметката на Сава пензија плус во истиот период, пристигна прилив од дивиденда во износ од 152,40 долари, 1.163,94 долари, 406,72 долари и 244,31 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Comm Serv Select Sector SPDR, Vanguard S&P 500 ETF, Vaneck Vectors Gold Miners ETF и Bank of America Corp.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/