26.2.2020
Пристигната дивиденда од Starbucks Corp. во пензиските фондови
Ве информираме дека на ден 24.02.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од 7.714,56 долари, од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corp.
На истиот датум пристигнаа приливи од камати во износ од 429.307,00 денари и 28.320,00 денари, по основ на орочени депозити во Охридска банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола.
Во Сава пензија плус, на ден 24.02.2020 година пристигна прилив од дивиденда во износ од 189,71 долари, од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corp.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/