15.05.2020

На почетокот на мај 2020 година на сметките на пензиските фондови пристигнаа дивиденди од Verizon Communications, PNC Financial Services Group, Sanofi, Allianz SE, Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF , Реплек АД Скопје

Во периодот од 02.05.2020 – 11.05.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 6.993.763,00 денари, и приливи од камати во износ од 10.156.443,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

Во истиот период пристигнаа приливи од дивиденда во износ од:
-              14.120,40 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc;
-              11.769,10 долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group;
-              68.620,61 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi;
-              11.956,86 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF;
-              97.121,39 евра, од инвестираните средства во компанијата Allianz SE и

-              6.914.343,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Реплек АД Скопје.

Во истиот период, на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 315.068,00 денари, како и приливи од камати во износ од 322.831,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

На сметката на Сава пензија плус, во истиот период пристигнале приливи од дивиденда во износ од:
-              353,01 долари, од инвестираните средства во компанијата Verizon Communications Inc;
-              337,29 долари, од инвестираните средства во компанијата PNC Financial Services Group;
-              2.061,61 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi;
-              270,07 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF;
-              2.092,13 евра, од инвестираните средства во компанијата Allianz SE и

-              516.804,00 денари, од инвестираните средства во компанијата Реплек АД Скопје.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2020/

 Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk