03.7.2020

Продолжува трендот на прилив од камати и дивиденди во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Пристигнаа нови приливи во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус. Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот.

Во периодот од 21.06.2020 до 30.06.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ 5.772.393,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 13.576.048,00 денари.

Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од дивиденда во износ од во износ од 88.932,62 евра и 13.180,56 долари, од кои:

- 10.374,50 евра, од инвестираните средства во компанијата Henkel  AG & CO KGAA;

- 65.284,02 евра, од инвестираните средства во компанијата Basf SE;

- 13.274,10 евра, од инвестираните средства во компанијата Rоyal Dutch Shell  PLC-A SHS;

- 3.687,59 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Comm Serv Select Sector SPDR и

- 9.492,97 долари, од инвестираните средства во компанијата Bank Of America Corp.

На сметката на Сава пензија плус во период од 21.06.2020 до 30.06.2020 пристигнаа приливи од камати во износ од 162.091,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 765.321,00 денари.

За истиот период на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од дивиденда во износ од 2.177,96 евра и 309,27 долари, од кои:

- 1.640,00 евра, од инвестираните средства во компанијата Basf SE;

- 537,96 евра, од инвестираните средства во компанијата Rоyal Dutch Shell  PLC-A SHS;

- 80,08 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Comm Serv Select Sector SPDR и

- 229,19 долари, од инвестираните средства во компанијата Bank Of America Corp.

Детални информации за тоа во кои финансиски инструменти, компании и инвестициски фондови се инвестираат средствата можете да најдете во финансиските извештаи на следниот линк: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk