14.7.2020
Над 20 милиони денари приливи од камати во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Во периодот од 01.07.2020 до 10.07.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигнаa приливи од камати во износ 2.535.431,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 19.950.009,00 денари.
Во истиот овој период пристигнаа приливи од дивиденда во вкупен изонс од 67.903,37 евра и 22.856,67 долари од кои:
- 54.614,04 евра, од инвестираните средства во компанијата AXA SA;
- 13.289,33 евра, од инвестираните средства во компанијата Lvmh Moet Hennessy Louis Vuitton SA;
- 11.267,17 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF;
- 11.589,50 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF.
На сметката на Сава пензија плус во периодот од 01.07..2020 до 10.07.2020 година пристигнаа приливи од камати во износ од 54.936,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 414.000,00 денари.
За истиот период пристигнаа приливи од дивиденда во вкупен износ од 1.684,27 евра и 1.384,46 долари од кои:
- 1.366,03 евра, од инвестираните средства во компанијата AXA SA;
- 318,24 евра, од инвестираните средства во компанијата Lvmh Moet Hennessy Louis Vuitton SA;
- 1.122,70 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF;
- 261,76 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares Iboxx Investment Grade Corporate Bond ETF.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2020/