04.8.2020
Приливи од над 18 милиони денари во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите .
Според последните податоци за пристигнати приливи во период од 21.07.2020 до 30.07.2020 во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус пристигнати се приливи од над 18 милиони денари.
На сметката на Сава пензиски фонд во период од 21.07.2020 до 30.07.2020 пристигнати се приливи од камати во износ 1.111.663,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 15.677.273,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници во износ од 966.386,00 денари.
За истиот овој период на сметката на Сава пензија плус, пристигнат е прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 300.758,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 745.498,00 денари.
Пензиските заштеди се инвестираат во акции на компании со добри долгорочни перспективи, обврзници издадени од држави и компании со висок кредитен рејтинг, депозити и останати хартии од вредност. Портфолијата на пензиските фондови се балансирани и содржат повеќе и помалку ризични инструменти.
Повеќе информации за тоа каде се инвестираат пензиските заштеди имате во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страната на друштвото www.sava-penzisko.mk.
Членовите на пензиските фондови дополнително можат да бидат информирани за својата пензиска заштеда во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус преку мобилната апликација Сава пензиско план.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk