03.9.2020
Нови приливи по основ на камати во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус
Ве информираме дека во периодот од 20.08.2020 до 29.08.2020 во пензиските фондови управувани од Сава пензиско друштво пристигнати се приливи од инвестираните средства на фондовите, во вкупен износ од 13.264.659 денари.
Од нив, на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ 5.184.285,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 7.976.260,00 денари.
За истиот овој период на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 104.114,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.
Приливите по основ на камати се резултат на инвестираните пензиски заштеди во домашни државни обврзници и депозити во домашни банки и им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Подетални информации за структурата на портфолијата на пензиските фондови можете да најдете во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страна на Друштвото.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk