24.9.2020

Microsoft Corporation и други реномирани компании исплатија дивиденда на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Ве информираме дека во периодот од 09.09.2020 до 18.09.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд, пристигнаa приливи од камати во износ од 994.595 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од дивиденди во вкупен износ износ од 34.661 американски долари и 36.226 евра, од кои:

- 16.073,40 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corporation;

- 5.237,19 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

- 8.377,95 САД долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service-CL B;

- 4.972,80 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Estee Lauder Companies-CLA и

- 36.225,86 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares Stoxx Europe 600 UCITS ETF (DE).

На сметката на Сава пензија плус за истиот период пристигнаа приливи од камати во износ од 53.878 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од дивиденди во вкупен износ од 1.221 американски долари и 891 евра од кои:

- 499,36 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corporation;

- 183,85 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

- 346,43 САД долари, од инвестираните средства во компанијата United Parcel Service-CL B;

- 191,52 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Estee Lauder Companies-CLA и

- 890,50 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares Stoxx Europe 600 UCITS ETF (DE).

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови има во финансиските извештаи.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk