03.11.2020

Милионски приливи од камати во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Ве информираме дека во периодот од 19.10.2020 до 28.10.2020 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи по основ на камати во вкупен износ од  32.016.433,00 милиони денари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 1.648.610,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 29.438.219,00 денари.

Додека на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 355.683,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 573.931,00 денари.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата, како и за тоа во кој светски и домашни компании се инвестираат средствата можете да најдете во редовните финансиски извештаи објавени на веб страната на Друштвото.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. Преку мобилната апликација Сава пензиско план, членовите на пензиските фондови редовно се известуваат за сите пристигнати приливи по основ на камати и дивиденди.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk