22.12.2020

Microsoft Corporation, Chevron Corporation, Royal Dutch Shell PLC-A SHS и други реномирани компании исплатија дивиденда на пензиските фондови

Ве информираме дека во периодот од 08.12.2020 до 17.12.2020 година на сметките на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 4.682.347,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 55.807,92 американски долари и 15.714,29 евра.

Во Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од камати во износ 4.582.200,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки. Во истиот овој период пристигнати се и приливи од дивиденда во износ од:

- 18.330,90 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corporation;

- 5.823,16 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

- 25.901,00 евра, од инвестираните средства на инвестицискиот фонд Ishares Stoxx Europe 600 UCITS ETF (DE);

- 4.767,35 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Estee Lauder Companies-CLA и

- 14.546,70 евра, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell PLC-A SHS.

На сметката на Сава пензија плус  во периодот од 08.12.2020 до 17.12.2020 година пристигнати се приливи од камати во износ од 100.147,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки. За истиот период  пристигнати се и приливи од дивиденда во износ од:

- 589,66 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Chevron Corporation;

- 221,48 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Microsoft Corporation;

- 577,72 евра, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares Stoxx Europe 600 UCITS ETF (DE);

- 174,37 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Estee Lauder Companies-CLA и

- 589,87 евра, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell PLC-A SHS.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате во финансиските извештаи кои се обавуваат на веб страната на Друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk