27.4.2026

Барање на понуда за избор на маркетинг агенција

Сава пензиско друштво а.д. Скопје Ве поканува за достава на понуда за избор на маркетинг агенција со која во следните две години ќе ја креираме и спроведуваме маркетинг стратегијата на нашето Друштво. Целта на агенцијата со која ќе соработуваме е да создава и извршува ефективни и инспиративни маркетинг решенија што генерираат значителни зголемувања на приходите, градат динамична комуникација со јавноста, шират интерес, ја едуцираат јавноста и креираат продлабочена лична интеракција со нашите клиенти.

Затоа, потребен ни е партнер со силен проактивен дух, кој постојано ги следи најновите маркетинг трендови и канали на комуникација, за да не поддржи во нашата континуирана цел да бидеме предводници во дигиталните услуги и клиентот постојано да биде во центарот на нашето внимание.

Доколку сте заинтересирани за достава на понуда Ве молам да ги следите овие рокови:

  • Потврда за учество – 30.04.2026 година
  • Презентација од страна на агенција 20-22.05.2026
  • Известување на агенцијата и потпишување на договор – 25-27.05.2026

* Ве молиме информирајте не најдоцна до 30.04.2026 година доколку сакате да учествувате

Презентациите ќе бидат спроведени разговорно на состанок со Управниот одбор и Маркетинг тимот на Друштвото.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје, ќе го задржи правото доколку има потреба да одбере различни агенции за спроведување на различни активности.

Барање на понуда за избор на маркетинг агенција